Јапонија дожд / Фото EPA-EFE/JIJI PRESS

„Јапонското стопанство се ниша“: Лани пропаднале 10.000 фирми, најмногу во последните 11 години

Бројот на компании кои банкротирале во Јапонија во 2024 година изнесува 10.006, што е највисока цифра во последните 11 години, објави агенцијата за кредитни истражувања „Токио Шоко Рисрч“

Според агенцијата, причини за ваквиот тренд се влошениот проблем со недостигот на работна сила и зголемените цени на увезените суровини поради падот на вредноста на јенот. Бројот на корпоративни банкроти е зголемен за 15,1 отсто во однос на претходната година, што е трета година по ред како тој расте, пишуваат јапонските медиуми.

Само две од компаниите кои лани пропаднале во земјата, не се мали и средни претпријатија, кои се особено погодени од укинувањето на посебните мерки за одложување на даноците воведени за време на пандемијата.

Јенот падна на 37-годишен минимум во однос на американскиот долар минатото лето, а тоа драстично ги покачи увозните трошоци на компаниите.

Растечкиот недостиг на работна сила, предизвикан од стареењето на населението во Јапонија и построгите правила за прекувремена работа, дополнително ги погоди економските сектори како градежништвото и услугите, пишува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот