Јапонскиот премиер прескокнал делови од својот говор за Хирошима, потоа се извинуваше

Фото: EPA-EFE/ISSEI KATO / POOL

Јапонскиот премиер Јошихида Суга се извини откако прескокнал делови од говорот за Хирошима по повод годишнината од нападите со атомски бомби кои го погодија градот пред 76 години, пренесува Ројтерс. 

Според локалните медиуми, премиерот прескокнал повеќе од една страница, а грешката била забележана откако јавната телевизија на НХК престана да прикажува преводи за време на неговиот говор. 

Неговата грешка привлече внимание поради важноста на одбележувањето на таа годишнина, настан што се одржува секоја година во спомен на загинатите во атомската експлозија. Суга веќе е под низа критики бидејќи инсистираше на одржување на Олимписките игри среде порастот на заразите. 

„Сакам да ја искористам оваа прилика за да се извинам што го прескокнав говорот на некои делови на свеченото одбележување на нападот на Хирошима“ изјави Суга. 

Тој го прескокнал говорот каде се споменува дека Јапонија е единствената држава која претрпела нуклеарен напад. 

Јапонија одбележува 76 – годишнина од нападот врз Хирошима

Видео на денот