Јапонија одбележува 76 – годишнина од нападот врз Хирошима

Атомска експлозија над Хирошима / 6 август 1945 / Фото: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Science Photo Library / Sciencephoto / Profimedia
Јапонија денеска одбележува годишнина од атомскиот напад врз Хирошима на 6 август 1945 година, додека годинашната комеморација е засенета со одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) оваа година да не повика на минута молчење за жртвите.
Преживеаните, роднини и само мал број странски лидери присуствуваа на утринската церемонија во Хирошима, западна Јапонија, за да им оддадат почит на жртвите и да повикаат на мир во светот.
За време на пандемијата на коронавирус, јавноста е исклучена од церемонијата, како и во 2020 година, но може да ја следи на Интернет.
Учесниците, со маски на лицата и во црни костуми, во 8.15 часот (четврток 01.15 часот по средноевропско време), кога американска атомска бомба падна врз градот пред 76 години, одржаа минута молчење во чест на жртвите.

Преживеаните и градската власт во Хирошима неодамна му предложија на МОК да ги покани спортистите да се придружат во Токио за да им оддадат почит на жртвите.

Но, претседателот на МОК, Томас Бах не го прифати предлогот, истакнувајќи дека церемонијата на затворање на Олимписките игри во недела ќе биде можност да им се оддаде почит на сите жртви на трагичните настани во светската историја.

Во бомбардирањето на Хирошима загинаа 140.000 луѓе од август до декември 1945 година, а во бомбардирањето на Нагасаки на 9 август истата година загинаа 74.000 луѓе. Јапонија капитулира на 15 август 1945 година, со што заврши Втората светска војна. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот