Јапонија ја одбележува 76-годишнината од нуклеарниот напад врз Нагасаки

Атомски напад над Нагасаки, Јапонија / Август 1945 / Фото: Pictorial Press Ltd / Alamy / Alamy / Profimedia

Јапонскиот град Нагасаки денеска ја одбележа 76-годишнината од нуклеарниот напад за време на Втората светска војна од страна на САД, а градоначалникот Томиша Тауе апелираше до јапонската Влада да земе поактивно учество во ослободувањето на светот од нуклеарно оружје, пренесува АП.

Нема точни податоци за бројот на жртвите, но се проценува дека најмалку 74.000 луѓе го загубиле животот во Нагасаки, а илјадници починале од нуклеарно зрачење и последици од радијацијата во неделите, месеците и годините по нападот.

Тауе ја повика Владата во Токио да го потпише и ратификува договорот на ОН за забрана на нуклеарно оружје и да се приклучи кон договорот како набљудувач на првиот состанок на земјите потписнички, објави агенцијата Кјодо.

По едноминутно молчење точно во 11:02 часот по локално време, во времето кога беше фрлена атомската бомба на 9 август 1945 година, Тауе го нарече Договорот за неширење на нуклеарно оружје „нов хоризонт” за нуклеарно разоружување, но исто така изрази загриженост поради зголемување на опасноста од нуклеарните трки во светот.

„Како единствена земја врз која е фрлена атомска бомба, должност на Јапонија е да ги предводи напорите на меѓународната заедница, чекор по чекор, кон реализација дека светот треба да биде ослободен од нуклеарно оружје“ изјави премиерот на Јапонија Јошихида Суга.

Јапонија одбележува 76 – годишнина од нападот врз Хирошима

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот