Весна Јаневска, министерка за образование и наука / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Јаневска: Учениците имаат помалку часови од врсниците во ЕУ, треба да се воведе поголем ред во образованието

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е задоволна што грипот не достигна поголеми размери и што учениците денеска без одлагање го започнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година.

Во гостување на Македонската радио-телевизија, Јаневска истакна дека во образовниот систем е неопходно да се воведе поголем ред, имајќи предвид дека учениците во земјава и онака поминуваат помалку време на настава.

– Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието – додаде Јаневска.

Изјавата следува по актуелните дискусии во јавноста за можноста зимскиот распуст да биде продолжен поради зголемениот број заболени од грип. Според министерката, сите релевантни истражувања, и домашни и меѓународни, покажуваат дека подолгиот престој на учениците во училишните клупи резултира со подобри образовни постигнувања и стекнување повеќе знаења и вештини.

Заврши зимскиот распуст, учениците се враќаат во училишните клупи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот