Фото: Македонски олимписки комитет

Јана Атанасовска и Ставре Јада ќе бидат македонските знаменосци на Зимските олимписки игри

Македонската Олимписка делегација е подготвена за нови спортски докажувања на меѓународна сцена. Четири натпреварувачи, шест официјални лица (тренери и доктор), предводени од Цветанка Макаровски како Шеф на делегацијата, денеска во попладневните часови пристигна во Милано.

Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано Кортина ќе се одржи на Олимпискиот стадион „Сан Сиро“ во Милано во петок, 6 февруари, со истовремени церемонии и паради на спортисти што ќе се одржат низ северна Италија на олимписките објекти во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо. Ќе започне од 20.00 часот по локално време.

Македонските знаменосци на овие Олимписки игри ќе бидат Јана Атанасовска во Кортина и Ставре Јада во Предацо.

Македонскиот олимписки тим кој ќе настапи во Италија е составен од врвни спортисти кои се најдобри во своите дисциплини: Јана Атанасовска, нашата најмлада натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање, ќе се натпреварува во слалом и велеслалом. Виктор Петков ќе настапи во алпските дисциплини велеслалом и слалом. Ставре Јада, како најискусен член на својата трета Олимпијада, ќе се бори во нордиските трки спринт и 10 км интервал старт, додека Ана Цветановска, по својот настап во Пекинг, ќе ја претставува Македонија исто така во нордиските дисциплини спринт и 10 км интервал старт.

ТВ пренос во живо од настаните на ЗОИ 2026 ќе врши Македонската Радио Телевизија, а за точните термини од настапите на нашите натпреварувачи, како и за сите други вести директно од терените, Македонскиот олимписки комитет (МОК) ќе објавува на својот веб сајт како и на своите социјални мрежи.

Линк до официјалната веб страна на ЗОИ 2026 ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот