Фото: MKD Olympic Team

Јана Атанасовска без пласман во велеслалом на Зимските олимписки игри

На Зимските олимписки игри „Милано-Кортина 2026“, можеби најголемата надеж на македонското алпско скијање, Јана Атанасовска, не успеа да ја совлада патеката во велеслалом.

Нашата натпреварувачката после само 22 секунди возење, го заврши своето учество на Олимписката велеслаломска трка.

Атанасовска сега ја носи тежината како последен македонски претставник на овие Олимписки Игри.

Нејзиниот настап во слалом на 18 февруари повеќе не е само обична трка, туку последна шанса да се поправи впечатокот од учеството на ЗОИ 2026.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот