Јакимовски постигна 20 поени во поразот на Вашингтон

Фото: Washington State

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски одигра одлично за својот Вашингтон Стејт на гостувањето кај Универзитетот Калифорнија, но сепак неговиот настап не беше доволен за победа.

Вашингтон беше поразен со 75:81 по едно продолжение. Поразот за тимот на Јакимовски беше прв по трите победи во низа. Јакимовски на теренот помина 43 минути и постигна 20 поени со четири тројки, девет шута и седум скока.

Повеќе поени сезонава постигна само во првиот натпревар против Ајдахо кога броеше до 21. Вашингтон на табелата е на петтата позиција, а во следниот натпревар ќе играп ротив Јута дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот