Фото: instagram.com/aquilabaskettrento

Јакимовски меѓу најефикасните против Тревизо во италијанскиот шампионат

Денеска во 17 коло од најсилното италијанско првенство кошаркарите на Тренто на гости со 88:76 славеа против составот на Тревизо.

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски беше стрелец во победничката екипа со 13 поени и пет скока за 22 минути игра на паркетот.

Поефикасни од нашиот играч во неговиот тим беа само Американецот Бетл со 15 поени и Литванецот Јогела со 14.

На спротивната страна доминираше интернационалецот од Саудиска Арабија Абдур-Рахман со 19 поени.

Тренто после седмата победа сезонава е на деветтото место со 14 бодови и во следното коло ќе игра против водечката екипа во шампионатот, Виртус Болоња, на гости на 1 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот