Јаховиќ неизвесен за мечевите против Ерменија и Исланд!?

Адис Јаховиќ одигра само 16 минути на последниот меч за Гезтепе/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска во рамките од 12 коло во најсилната турска Супер лига составот на Гезтепе загуби дома од Коњаспор со 0:2.

Кај домаќините стартер беше македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ, но само после 16 минути игра од првото полувреме го напушти теренот поради повреда.

Јаховиќ е меѓу повиканите во составот на нашата А репрезентација за последните два натпревари од квалификациите за СП 2022.

За четири дена на 11 ноември во Ереван гостуваме кај Ерменците, а на 14 ноември сме домаќини на Исланд. Со победи и еден „кикс“ на Романците во последните две кола ќе обезбеди пласман во мундијалскиот бараж.

Неизвесно е дали Јаховиќ ќе биде во составот за овие два клучни меча, потсетување во нападот селекторот Благоја Милевски ги има на располагање уште Милан Ристовски, Бојан Миовски, Александар Трајковски, Дарко Чурлинов и дебитантот Ваљон Етеми.

Гезтепе моментно во генералниот пласман во шампионат е на претпоследното 19 место со девет бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот