Освен тоа што е евтина, оваа природна маска за лице е и подобра од ботокс, а резултатите ќе ги забележите уште по првото користење.
Потребни состојќи за маската:
– 1 лажица густин
– 5 лажици свеж сок од морков
– 1 лажица кисело млеко
Подготовка:
Растопете го густинот во половина чаша вода, ставете го во сад на оган и додадете му уште 100 мл врела вода. Варете на тивок оган се додека да се згусне. Кога ќе се олади, додадете го свежо цедениот сок од морков и киселото млеко. Добро промешајте и нанесете ја маската на чисто лице. По 30 минути измијте го лицето со топла вода и намачкајте го со хидратантна крема.

За најдобри резултати, нанесувајте ја масаката на лицето три дена по ред, а понатака продолжете редовно да ја користите, во вид на домашна нега на лицето, два пати неделно, секоја недела без исклучоци. Вашето лице постојано ќе блеска.
Оваа маска ги отстранува трагите од замор и ситните брчки, а кожата ја прави затегната и мека, при што целосниот изглед уште по првото користење е значително подобрен.