Ја сакаат и младите и старите: Истражувањето потврди – ова е најпопуларната секс поза

Фото: Profimedia

Истражувањата покажуваат дека во денешно време луѓето имаат помалку секс од порано, но кога се сексуално активни најмногу преферираат една поза, откри неодамнешно истражување.

Компанијата „Биспоук срџикал“ анкетирала 1.000 луѓе прашувајќи ги за нивните сексуални желби и активности. Ќе се изненадите кога ќе откриете дека „кучешката поза“, односно „doggy style“ ужива најмногу симпатии кај сите генерации.

Истражувањето открило зошто токму оваа поза е толку популарна. Испитаниците велат дека во оваа поза е можна подлабока пенетрација што е идеално за поинтензивна стимулација на Г-точката. Освен тоа, доминацијата и покорноста можат да се доживеат многу добро.

Припадниците на најмладата генерација Зет (Z) (родени во периодот по 1995 година) изјавиле дека најчесто ја практикуваат позата „doggy style“ и тоа во просек 10,6 пати месечно.

Милениумците (родени во периодот од 1980 до 1994) се приближно на исто ниво, додека генерацијата Икс (X) (1965-1979) ја практикувале 9 пати месечно. Постарите генерации или т. н. „baby boomer“ (луѓето родени од 1946 до 1964) поретко ја практикуваат позата (6,6 пати месечно), но крајниот резултат е дека истата е најпопуларна за сите генерации, според извештајот на „Пјур вау“ (Pure Wow.)

На второ место е класичната мисионерска поза, а по неа следи каубојката.

Во истражувањето, другите сексуални пози се рангирани на следниот начин:

– Мисионерска поза – 20,8 отсто

– Каубојка – 17,48 отсто

– Обратна каубојка – 5,89 отсто

– Лотус – 5,29 отсто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот