Британска војска / Фото: Профимедиа

Ја преживеаја војната, но не и последиците од неа: Драстичен пораст на самоубиства кај британските ветерани

Британското списание „Тајмс“ пишува дека 14 британски воени ветерани, од кои поголемиот дел учествувале во војната во Авганистан, во последните два месеци извршиле самоубиство.

Медиумот објавува дека стапките на самоубиства пораснале меѓу британските ветерани кои учествувале во најкрвавите борби во Авганистан.

Голем број на војници кои извршиле самоубиство биле вклучени во операцијата „Херик“ (кодно име на британската воена операција во Авганистан) меѓу 2002 и 2014 година.

Џони Мерсер, британскиот министер за правата на борците, изрази загриженост во интервју за магазинот поради високата стапка на самоубиства меѓу војниците кои учествувале во борбите во Авганистан.

Мерсер додаде дека неодамнешниот бран на самоубиства ќе ја забрза имплементацијата на програми за лекување на ветерани и поддршка, која треба да почне во април.

Ги спомена и самоубиствата на повеќе од 120 војници за време на 2018 и 2019 година, не наведувајќи повеќе детали.

Самоубиства се случуваат и во американската војска, па така во „Њујорк тајмс“ во еден од своите едиторијали минатата година откри дека бројката на самоубиства во американската војска ја надмина бројката на војници убиени во војните.

Керол Џакомо, член на уредништвото на овој весник, вели дека повеќе од 45.000 ветерани или членови на американската војска извршиле самоубиство во изминатите шест години, што е околу 20 самоубиства дневно, или повеќе од вкупниот број на американски војници убиени во борбите во Авганистан и Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот