Големата љубов на Мерилин Монро и Артур Милер не траела долго, брзо минала во големо разочарување.
Од бројните мажи кои минале низ животот на Мерилин Монро, најпознат бил американскиот претседател Џон Кенеди, највлијателниот рагби играч Џо ди Маџо, но најголема трага оставил нејзиниот трет сопруг, драмскиот писател Артур Милер, кој успеал да ја направи најсреќна и најнесреќна жена на светот.
Најсексипилната жена на своето време, а според мислењето на многумина, најубава во целиот 20-ти век, го оставила славниот рагбист Џо ди Маџо за да се омажи со интелектуалецот и драмски писател Артур Милер.

Се запознале во 1950 година на сетот на филмот “Автобуска станица” и почнале да се гледаат. Токму во тоа време Милер го прозвале пред фамозната Мекартиева комисија која се занимавала со наводни амнтиамерикански делување на граѓаните. Пред „патриотската инквизиција“ Милер одговарал поради наводните комунистички ставови. Сопствениците на големите филмски студија ја советувале Мерилин да го остави писателот зашто во спротивно ќе ја ризикува кариерата, но таа одбила нарекувајќи ги кукавици.
Писателот и глумицата својата љубов ја крунисале со брак во јуни 1956 година. Бракот долго време го криеле од медиумите, а Мерилин, иако била христијанка, поради МИлер поминала во јудаизам. Глумицата дури останала и бремена, но бременоста била вонматерична па морала да абортира.
Мерилин и Артур биле најсреќни веројатно летото 1957. година, кое го поминале во изнајмена куќа на Лонг Ајланд каде времето го минувале во пливање и долги прошетки на плажата.
Во тој период Мерилин се дружела со писателите Карсон Мекулерс и Ајзак Дајнесен, а се спријателила и со Труман Капоте и ги запознала некои од нејзините литературни херои како што е поетот Карл Сандберг и писателот Сол Белоу, со кого вечерала чекајќи ја премиерата на филмот „Некои го сакаат тоа жешко“.

Писателите, но и книгите не биле случајност во нејзиниот живот. Но животната бајка не траеала долго. Во Лондон каде што отпатувале есента истата година на снимање на филмот „Принцот и танчерката“ со Лоренс Оливие, Милер и приготвил животно разочарување. Мерилин и Артур се преселиле на величенствениот имот во Сарија, во близина на Лондон. На хартија се изгледало идеално, таа била продуцент на филмот кој тој го режирал, и во кој глумел еден од најпочитуваните глумци, живеела во голема селска куќа со човек кој најмногу го сака…Како уметник не можела да се чувствува поисполнето, се додека случајноста не ја поткопала нејзината, инаку слаба, самодоверба и довербата во мажот. На имотот го нашла дневникот на Милер во кој тој се жалел дека е разочаран од неа и дека понекогаш пред пријателите се срами да биде во нејзино друштво. После читањето на тој запис, Мерилин била уништена, зашто се реализирал еден од нејзините најголеми стравови – дека ќе го разочара човекот кој го сака.
Се развеле на 24 јануари 1962 година во Мексико, а Милер веќе на 17. февруари истата година стапил во брак со Инге Морат, која била модел и работела на снимањето на неговиот филм „Неприлагодени“.