Ја исмејуваат Меланија Трамп зашто навечер носи очила за сонце
Првата дама на САД, Меланија Трамп, стана тема на бројни коментари и исмевање на социјалните мрежи откако беше снимена како навечер носи очила за сонце при излегување од авион заедно со сопругот, американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Двојката се вратила во Белата куќа по продолжен викенд поминат во Палм Бич, Флорида. Многумина забележаа дека таа носела очила за сонце иако било ноќ, што предизвика потсмев на мрежата Икс.
„Навистина? Очила за сонце навечер?“, „Изгледа смешно со тие очила“, „Зошто никој не ѝ кажал дека ќе биде исмејувана?“, беа дел од реакциите.
Парот го поминал празникот на вљубените во одморалиштето Мар-а-Лаго (Mar-a-Lago). За време на летот со претседателскиот авион, Доналд Трамп бил прашан дали има посебни планови со сопругата и дали ѝ подарил цвеќе, но избегнал директен одговор.
„Подобро да не ви кажам, тоа е најтешкото прашање“, изјавил тој, по што почнал да го фали нејзиниот филм „Меланија“, иако прашањето не било поврзано со тоа.
Тој истакнал дека е горд на успехот на филмот и додал дека Меланија ќе остане запаметена како една од најдобрите први дами на САД.


