Фото: EPA-EFE/JIM HOLLANDER

Израелскиот парламент се самораспушти

Откако премиерот Бенјамин Нетанјаху не успеа да состави коалициона влада до полноќ, кога беше крајниот рок за тоа, Израелскиот парламент Кнесетот изгласа сопствено распуштање, испраќајќи со тоа порака до граѓаните дека годинава повторно ќе мораат да излезат на гласање.

Кнесетот кој има 120 пратеници почна да работи пред неполни два месеца.

Нетанјаху победи на изборите одржани на 9 април, но поради несогласувања со ортодоксните и ултранационалистичките сојузници за неговата заштита од кривично гонење поради наводна корупција не успеа да состави нова влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот