Израелски научници тврдат: Жените во 50-ти години наскоро ќе имаат поголеми шанси да станат мајки

жена
Фото: Pexels

Израелски научници успешно го смениле процесот на стареење на јајце клетки во лабораторија. Во ова значајно откритие објавено во списанието „Aging Cell“, израелските истражувачи посочуваат дека постигнале јајце клетките на 40-годишните жени да ги направат слични на оние кај жените кои се во нивните 20-ти години.

Повеќе од јасно е дека јајце клетките се менуваат со текот на времето и го губат својот квалитет, што воедно го отежнува нивното оплодување кога жената влегува во подоцнежни години.

Додека просечната жена во своите рани 20-ти години има 80 отсто шанси да забремени по природен пат во рок од една година, тој број е преполовен до 40-тата година.

бременост
Фото: Profimedia

Но, научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим сугерираат дека процесот може да се смени со антивирусен лек кој се користи за лекување на пациенти со ХИВ. Се смета дека овој лек делува така што го спречува оштетувањето на ДНК што се случува за време на процесот на стареење.

Сè уште има прашања за тоа дали процесот може да ги зголеми стапките на плодност. Тимот на истражувачи засега планира да го тестира своето откритие на животни, а потоа и на луѓе. Тие, исто така, се надеваат дека третманот може да го намали ризикот од спонтан абортус и вродени маани на фетусите, кои се почести кај постарите трудници.

„Ова би можело да им помогне на жените на возраст меѓу 40 и 50 години. После тоа доаѓаме до менопауза“, објаснуваат научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот