Израел: Под итно Палестинците да се евакуираат кон југ

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Израелската војска денеска соопшти дека нејзините повици до Палестинците во Појасот Газа да се евакуираат кон југ, далеку од главниот фокус на војната против Хамас, сега се итни.

„Во изминатите две недели ги повикувавме жителите на северниот дел на Појасот Газа и градот Газа привремено да се преселат на југ. Поместувањето на југ е за нивна безбедност. Денеска нагласуваме дека ова е итен повик“, рече воениот портпарол Даниел Хагари на телевизиски брифинг.

Хагари додаде дека бројот на луѓе за кои е потврдено дека се заложници во Газа по прекуграничниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври се искачи на 239.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот