Израел официјално потврди за смртта на заменик командантот на Хамас

– Заменик воениот командант на „Хамас“ Марван Иса е убиен во израелски напад овој месец, изјави денеска портпаролот на израелската армија, потврдувајќи ги извештаите објавени претходно овој месец.

„Ги прегледавме сите разузнавачки информации“, рече контраадмиралот Даниел Хагари во телевизиска изјава. „Марван Иса беше елиминиран во напад што го изведовме пред околу две недели.

Засега нема коментар од Хамас.

Иса беше на врвот на листата на најбарани во Израел заедно со Мохамед Деиф, шефот на военото крило на Хамас и лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар.

Се верува дека тие го организирале нападот на групата на 7 октомври врз јужниот дел на Израел што ја предизвика војната во Газа. ссм/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот