Израел ќе се жали на одлуката на Судот во Хаг и налозите за апсење на Нетанјаху и Галант
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата изјави дека одлучил да поднесе жалба на одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за издавање налози за апсење на него и на поранешниот шеф на одбраната Јоав Галант, јавува Анадолија.
Препорачано
Израел го информираше МКС дека ќе поднесе жалба на налозите за апсење, соопшти канцеларијата на Нетанјаху.
Беше објавено дека Тел Авив има намера „да се жали до судот заедно со барање за одложување на извршувањето на налогот за апсење“.
Нетанјаху денеска се сретнал со американскиот сенатор Линдзи Грејем во кабинетот на премиерот во Ал Кудс (Ерусалим).
Минатата недела МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.
Израел имаше рок до среда на полноќ да одговори на одлуката на Хашкиот суд.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради бруталната војна во Појасот Газа, каде што од октомври 2023 година се убиени речиси 44.300 Палестинци.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
40мин
-
48мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


