Израел ја утнал метата во Либан — наместо оперативец на Хезболах, убиен е функционер на опозицијата
Израел се обидел да убие припадник на Хезболах во Либан, но настрадал висок функционер на христијанска партија која се противи на проиранската група. Израелските одбранбени сили (ИДФ) признаа дека не успеале да ја убијат предвидената мета и дека жалат што повредиле цивили, објавија медиумите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Партијата на либански сили, во која членуваат главно христијани, кажа дека во нападот врз станбена зграда во доминантно христијанскиот град Аин Садех близу Бејрит загинале Пјер Муавад и неговата сопруга Флавија. Локалниот градоначалник кажа дека загинатите биле еден кат подолу од станот што наводно бил мета.
Партијата на либански сили соопшти дека „Пјер Муавад не бил борец, ниту воена цел“ и дека славел Велигден дома со своето семејство пред смртоносниот напад.
Партијата го осудува Хезболах и рече дека она што се случило е резултат на воени конфронтации што се воведуваат во станбените населби.
На израелската војска ѝ фалат луѓе и од тоа може да се распадне, алармира шефот на Генералштабот
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
42сек
-
1мин
-
11мин
-
17мин
-
20мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


