Израел: Иран не го отстранил збогатениот ураниум пред американските напади
Иранскиот збогатен ураниум сè уште се наоѓа во три нуклеарни постројки, тврди висок израелски функционер, и покрај американските напади за време на 12-дневната војна меѓу Израел и Иран минатиот месец.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што објави „Тајмс оф Израел“, врз основа на податоци од израелските разузнавачки служби, залихите од приближно 400 килограми ураниум збогатен со 60% не биле отстранети од нуклеарните постројки во Фордо, Натанц и Исфахан пред нападите – и оттогаш не се преместени.
Тој рече дека Иранците можеби сè уште имаат пристап до збогатен ураниум во објектот во Исфахан – каде што Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) процени дека поголемиот дел од залихите биле складирани пред конфликтот – но нагласи дека секој обид за нивен транспорт би бил исклучително тежок.
Во исто време, израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел мора да ги искористи резултатите од операцијата против нуклеарната програма на Иран за да го спречи Техеран да ја обнови.
„Треба да формулираме план за спроведување на мерките за да го спречиме Иран да ги обнови капацитетите што ги имаше пред војната“, рече Кац, предупредувајќи дека „непријателот учи и се подготвува – а предизвикот за нас е да ги подобриме нашите капацитети за да не бидеме изненадени“.


