Место на ракетен удар на Иран во Тел Авив / Фото: Икс

ВИДЕО | Израел: Иран го нападна реонот на Тел Авив со касетна муниција

Израелските медиуми објавија дека Иран повторно употребил касетна муниција во нов ракетен напад врз областа на Тел Авив рано утринава, објави новинската агенција ДПА.

Во близина на Тел Авив имало околу 20 места кои биле бомбардирани со иранските касетни бомби, објави новинската веб-страница Ynet.

Неколку лица се повредени, вклучувајќи и жена која претрпела сериозни повреди, соопшти службата за итни случаи „Маген Дејвид Адом“. Училиште во градот Тел Авив, исто така, беше погодено.

Портпаролот на израелската војска соопшти дека е многу веројатно оти е употребена касетна муниција.

На северот од Израел погодени биле најмалку 10 места, и тоа во областа Хаифа, по иранскиот напад со касетна муниција, објавија израелски медиуми. Се наведува дека во нападите биле запалени неколку автомобили.

Во текот на ноќта две лица беа пронајдени мртви во зграда во Хаифа по напад на иранска ракета.

„Хјуман рајтс воч“ неодамна ги осуди нападите со касетна муниција на Иран врз израелските градови велејќи дека тоа би можело да биде воено злосторство.

„Употребата на касетна муниција од страна на Иран во населените области на Израел претставува предвидлива и долгорочна опасност за цивилите“, рече Патрик Томпсон, истражувач за кризи, конфликти и оружје во „Хјуман рајтс воч“.

„Малите бомби во касетната муниција се распрснуваат на широка област, што ги прави неселективни, што ги крши законите на војувањето“, рече Томпсон, објави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот