Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/LEO CORREA / POOL

Израел: Доколку Хамас продолжи да предава тела, нема да го нападнеме

По заканите на Израел до Хамас заради одложувањето на враќањето на повеќето од мртвите заложници држени во Газа, функционер во Кабинетот на израелскиот премиер изјави дека сè додека Хамас продолжува да предава тела, Израел нема да се обидува да ја казни групата, пренесува Тајмс оф Израел.

„Тие играат игри, би можеле да ослободат повеќе тела“, рече функционерот. „Но, гледаме дека ги предаваат. Значи, ако ова е континуирано и видиме постојан тек, мислам дека тоа е нешто што ќе го толерираме. Но, во моментот кога ќе почнеме да гледаме дека тоа не е континуирано, тогаш ќе го повлечеме чкрапалото.“

„Мислам дека во блиска иднина ќе видиме предавање на уште неколку тела“, продолжи функционерот. „Потребно е време . Мора да разбереме дека пронаоѓањето на телата и целиот процес на евидентирање за нивно предавање одзема време. Израел го разбира тоа. И ние ја донесуваме одлуката колку долго ќе чекаме за овој настан.“

„Од една страна, знаеме дека е потребно време“, продолжува официјалниот претставник, предупредувајќи дека „нема да дозволиме да се одолговлекува предолго. Во моментот кога Израел ќе види дека се одолговлекува без причина, мислам дека тоа ќе биде моментот кога ќе се откажеме“.

Шефот на египетската разузнавачка служба, Хасан Рашад , пристигна во Израел за да разговара за иднината на Појасот Газа со високи функционери од владата на Нетанјаху и САД, според „ Тајмс оф Израел“.

Според египетскиот телевизиски канал eXtra News, Рашад се сретнал со високи израелски функционери, вклучувајќи го премиерот Нетанјаху и шефот на Шин Бет, Давид Зини. Се очекува Рашад да се сретне со високи советници на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер , додека контакт со Џеј Ди Венс, кој пристигна во Израел напладне во вторникот, не е исклучен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот