Израел делумно ја укина рестрикцијата за извоз од појасот Газа

Израел денес ублажи дел рестрикциите за извоз од појасот Газа, еден месец по завршувањето на 11-дневната војна помеѓу нивната војска и исламските екстремисти на Хамас кои владеат со тој дел од палестинската територија.

Како што известува бета.рс сега е возможен ограничен извоз, пред сѐ на земјоделски производи и текстил од таа палестинска енклава. Ова го најавила Управата за координација на владините активност на таа територија, која е формирана во рамките на Министерството за надворешни работи на Израел.

– По направените проценки за безбедност, донесена е одлука, за прв пат од почетокот на конфликтот, да се овозможи ограничен извоз на земјоделски производи од Газа – наведуваат од Управата во своето соопштение.

Во соопштението се додава дека овој потег го одбрила новата Влада на Израел предводена од премиерот Нафаталије Бенет и предупредуваат дека „се зависи од одржувањето на безбедносна стабилност“.

Со извозот на стока од појасот Газа ќе биде дозволено и праќање на пошта. Израел го држи појасот Газа под блокада откако Хамас во 2007 година ја презеде контролата на тој дел од територијата. Извозот и увозот во Газа беше суспендиран за време на конфликтот кој траеше од 10 до 21 мај оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот