Изнемоштен коњ паднат среде улица, сопствениците го удираат и влечат за да стане! (ВИДЕО)

Велешани кои се нашле на местото на настанот, во близина на главната пошта притрчале на помош, викајќи кон сопствениците на коњот да не го удираат, оти коњот бил дехидриран.

Дехидриран и изнемоштен коњ, попладнево е малтретиран од неговите сопственици во центарот на Велес, откако, влечејќи товар, паднал на асфалтот. Неговите сопственици почнале да го удираат за да стане.

Велешани кои се нашле на местото на настанот, во близина на главната пошта притрчале на помош, викајќи кон сопствениците на коњот да не го удираат, оти коњот бил дехидриран.

-„Што правиш, што го маваш? Што не му дадеш вода да пие и да јаде? Од што ќе падне, што мислиш? Вода се нема напиено, остај го. Остај го бе“, вели граѓанинот кој притрчува на помош.

Сличен настан во Велес се случи и пред неколку години, кога изнемоштен коњ падна во близина на Стар Мост.

Овие случаи се дел од низата, на кои во годините наназад укажуваат здруженијата за заштита на животните и бараат заштита на коњите, кои се почесто се злоупотребуваат за да влечат товар. Тие бараат од надлежните институции поригорозни санкции за лицата кои нехумано се однесуваат со коњите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот