Изложба на книги посветени на Денот на македонската револуционерна борба

фото: МИА

Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски”-Битола организираше празнична изложба на книги посветени на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

Станува збор за книги од различни автори инспирирани од периодот кога на 23 октомври 1893 година во Солун беше основана Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) и која подоцна станува македонско национално движење со крајна цел, автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Читателите и членовите на Библиотеката во Битола може да прочитаат и да се потсетат на основачите на организацијта, односно Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, но и за други историски моменти од тој период како што се организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава, информираа од оваа национална установа која традиционално пред секој државен празник организира изложба на книги со повод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот