Изгубената бас гитара на Пол Макартни му е вратена по повеќе од 50 години
Бас гитарата Хофнер му е вратена на Пол Макартни повеќе од 50 години откако беше изгубена, а германскиот производител „Хофнер“ ја потврди автентичноста на гитарата.
Препорачано
Гитарата со карактеристична форма на виолина, која Макартни ја купил пред да стане планетарна ѕвезда и наводно била негова омилена гитара, последен пат била видена околу времето кога „Битлси“ го снимале нивниот последен албум, „Let It Be“, пишува „Гардијан“.
Макартни пред 63 години платил 30 фунти за бас гитарата, што е еквивалентно на околу 800 фунти по денешни цени.
Потрагата по гитарата беше започната од проектот „Lost Bass“ минатата година, а во вторникот студентот Руајдри Гост сподели фотографија од инструментот на платформата Икс. Тој тврдел дека ја наследил гитарата и дека му била вратена на Макартни.
To my friends and family I inherited this item which has been returned to Paul McCartney. Share the news. pic.twitter.com/BlKP4L2ELP
— Rassilon Productions (Ruaidhri Guest) (@RassilonP) February 13, 2024
Гитарата Хофнер исчезна во времето кога „Битлси“ се распаднаа, но сега повторно се појави по глобалната потрага, објави „Гардијан“.
Глобална потрага по најважната бас гитара во историјата: Се бара познатиот Хофнер на Пол Макартни
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
57мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


