Изгубена мачка од Глазгов ја нашле по седум години

Мачорот Кајло - Фото: Принтскрин/ Икс/ BBC Scotland News

Семејството Хопер од градот Глазгов, Шкотска, пред две недели ја пронашло својата изгубена мачка Кајло, која исчезнала пред седум години, пишува „Би-би-си“.

Сивиот тигрест мачор Кајло исчезнал на 27 декември 2017 година во Мерихил парк, додека се шетал со својот сопственик и семејното куче Харли. Сопствениците почнале со повеќемесечна потрага, но не успеале да го пронајдат мачорот, иако бил со микрочип.

Но, пред две недели добиле повик од ветеринар во блискиот град Бишопбриг кој ги известил дека нивната мачка е жива и здрава.

Имено, Кајло го пронашла и посвоила жена од Бишоприг која мислела дека е мачка, па го прекрстила Попи. Откако ја однела мачката на вакцинација, ветеринарот го прочитал микрочипот и открил дека нејзината мачка веќе има сопственик.

„Длабоко во себе мислев дека е мртов, па фактот дека е жив ми беше неверојатен“, рекол стариот сопственик на Кајл, Френки Хопер.

Тој се појавил на задната врата на жената и таа веднаш го земала внатре. Мислела дека е женско, па го нарекла Попи.

Френки е благодарна што непознат жител на Бишоприг се грижел за нејзината мачка бидејќи Кајло бил во одлично здравје кога семејството Хопер дошло да го земе.

„Навистина се грижела за него“, рекол сопственикот. „Луѓето ми велат дека треба да бидам лут на неа што не го однела на ветеринар за да го провери микрочипот, но тоа навистина не ми паѓа на ум. Да не беше таа, Кајло можеби немаше да биде тука, па затоа сум среќен што го вративме“.

Кајло успешно се прилагодил на стариот живот и деновите ги поминува спиејќи. Неговиот пријател, кучето Харли, веднаш го препознал и се воодушевил, а на мачката не ѝ требало многу време да се спријатели со новото куче, кое се вика Тинкербел.

Иако пред исчезнувањето бил мачка на отворено и слободно шетал низ населбата, семејството Хопер одлучило повеќе да не го пушта надвор од куќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот