Изгласан новиот Деловник, по инцидентите Крмов и Апасиев гласаа против

инцидент собрание

Вечерва е изгласан е новиот Деловник на парламентот. Од 83 пратеници, никој не беше воздржан, а против беа двајца Борислав Крмов и Димитар Апасиев. Собранискиот ден помина во тензичната атмосфера проследена со инциденти во кои двајцата пратеници на Левица Крмов и Апасиев бурно реагираа и ги расфрлаа своите над 2 илјади неприфатени амандмани, a уништија и два монитори и дел од другата техничка опрема.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери потоа рече дека на денешната седница е направена материјална штета и е онеспособен системот за работа во пленарната сала.

„Седниците на Собранието до отстранување на штетите ќе се одвиваат во салата Купола“, рече Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот