Плакат за фестивалот за книжевен превод во Загреб

Издавачката куќа „Перун Артис“ ќе биде дел од дводневен фестивал за книжевен превод во Загреб

Дводневен фестивал со тематски наслов „Превeдувањето во фокусот“ е посветен на книжевниот превод и на сите уметници кои со своето дело ја збогатуваат оваа професија.

Првото издание на фестивалот за книжевен превод ќе се одржи на 17 и 18 април во галеријата „Владимир Бужанчиќ“ во Културниот центар во Нови Загреб, а програмата ќе се состои од серија од шест тематски панели и две работилници за книжевен превод.

Книжевни преведувачи, писатели, издавачи и теоретичари на преводот ќе зборуваат за убавините и предизвиците на преведувањето на хрватската литература на германски и англиски јазик, како и за мостот меѓу културите користејќи го примерот на Хрватска и Северна Македонија.

Тие ќе споделат научни сознанија за влијанието на вештачката интелигенција врз областа на книжевниот превод и актуелниот тренд на репреведувања во литературата за деца и возрасни, а фестивалот ќе заврши со особено интересен панел за преведувачите кои често ја преземаат улогата на тајни книжевни агенти.

На фестивалот ќе учествуваат еминентни хрватски писатели и преведувачи, како што се Марко Грегур, Дамир Каракаш, Моника Херцег, Ивица Баковиќ, а од нашата земја ќе учествува преведувачот и писател Сашо Огненовски, а издавачката куќа „Перун Артис“ од Битола е една од соработниците на фестивалот. Програмски водител на фестивалот е младиот книжевен преведувач од нордиски јазици Един Бадиќ.

Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска, книжевната мрежа „Традуки“, Гете-институтот во Хрватска, НОРЛА и Амбасадата на Кралството Норвешка во Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот