Насловна корица на романот „Борбите и метаморфозите на една жена“

Издавачката куќа „Илика“ во едицијата „Современа проза“ објави роман од францускиот писател Едуар Луј

Во издание на издавачката куќа „Илика“ од печат излезе нова книга во едицијата „Современа проза“. Станува збор за романот „Борбите и метаморфозите на една жена“ од францускиот современ писател Едуар Луј.

Луј е еден од најважните квир-автори на современата книжевна сцена, кој преку третманот на класните и општествените прашања на модерното време, преиспитува клучни теми поврзани со идентитетот и насилството, користејќи ги наративните техники на автофикцијата. Луј е и претходно застапен со негова книга во оваа едиција на издавачката куќа „Илика“, која ја потврдува неговата авторска ангажираност преку сопствените искуства и живот.

Станува збор за книга која е беспоштедно искрена, за ослободувањето од улогите што ни ги наметнува општеството во кое живееме. Исто така, тоа е книга за мајките и синовите, за семејствата што се распарчуваат со години и потоа одеднаш се распаѓаат преку ноќ, за политиката и моќта, за потребата да побегнеме од сè, па дури и од себеси.

Според „Њујорк тајмс“, „Едуар Луј е безмилосно отворен и кон читателите и кон себеси. И токму затоа неговото лично искуство на секоја страница се претвора во универзален вресок поради нашите заеднички страдања.“

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 329, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 18-19.4.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот