Изборот на Јошевска – Анастасовска за член на Судски го одложи рочиштето за кочанската трагедија
Препорачано
Изборот на адвокатката Сузана Јошевска – Анастасовска за член на Судскиот совет го одложи рочиштето за кочанската трагедија кое требаше да се одржи утре. Јошевска – Анастасовска му беше бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски кој е меѓу 35-те обвинети.
Кривичниот суд во соопштение до јавноста објаснува дека таа побарала одлагање за Џафероски да може да ангажира нов бранител кој ќе се запознае со предметот.
-Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, бранителот е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово – се вели во соопштението.
Адвокатката Јошевска и професорката Арлинда Кадри Шахиновиќ вчера во Собранието беа изгласани за нови членови на Судскиот совет на предлог на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.
Ова е прво одложување на рочиште за трагдијата што се случи во кочанскиот клуб „Пулс“ каде загинаа 63 лиа, а повеќе од 200 беа повредени. На рочиштето се испитуваат сведоци на Обвинителството.


