Избори и во Хрватска, хрватскиот сабор ќе се распушти на 22 март

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вечерва објави дека парламентот ќе се распушти овој месец и дека земјата ќе оди на избори неколку месеци пред планираниот термин во септември.

Според неговата изјава парламентот ќе биде распуштен најдоцна до 22 март. После тоа претседателот на државата треба да ги распише парламентарните избори во рок од 30 до 60 дена. Тоа значи дека терминот би бил кон среднината на мај.

Само три недели подоцна, на 9 јуни, Хрватите повторно ќе излезат на избори, тогаш за Европскиот парламент. На крајот на декември ги чекаат уште едни избори – гласањето во првиот круг за избор на претседател на државата.

Според она што го пишуваат хравтските медиуми поради православниот Велигден на 5 мај, најверојатно е изборите да се одржат на 12 мај.

Сегашните анкети покажуваат дека ХДЗ на Пленковиќ има поддршка од 25,2 отсто, опозициската Социјалдемократска партија 17,3. Потоа следи клерикалниот Мост со 8,7, татковнското движење со 8,5 и Можеме со 8,1 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот