ИВЗ бара да се повлече месен производ во кој има свинско, а на опаковката пишува дека е халал

Фото: Викимедија

Исламската верска заедница (ИВЗ) бара повлекување на месен производ – месен нарезак, бидејќи во состојките е наведено дека има свинско месо, а во исто време на пакувањето е испечатено лого кое означува дека е произведен според Халал стандардот.

Ова барање тие го упатија до ланецот маркети „Стокомак“.

„Во вашите маркети се продава Месен нарезак, произведен од Гурмес, потекло од Република Србија, и увозник за Република Северна Македонија е Стокомак ДОО, ул. Димо хаџи Димов, бр.6-Б, Скопје. На истиот производ има лого на Халал Стандард, а во делот на состојки има и свинско месо 40%“, се вели во испратеното соопштение.

Од ИВЗ ги најавија „сите потребни правни дејствија“ доколку производот не биде повлечен од маркетите.

„Поради што Агенција за Халал Стандард на Република Северна Македонија која функционира во рамките на Исламска Верска Заедница на РСМ, е едиствено надлежно тело за сертифицирање на Халал стандардот, и контрола на халал производи, поради чување на достоинството на Халал лого, како и поради избегнување на можна заблуда на потрошувачите-муслимани во Вашите маркети, бараме од Вас, ургентно да го повлечете тој производ од вашите маркети и за тоа да биде известено јавноста, во спротивно ќе бидеме принудени да ги земеме сите потребни прави дејствија.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот