ИВЗ апелира: Продолжете да се придржувате до мерките против коронавирус

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија (ИВЗ), Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи апелира до верниците и сите граѓани на земјата, да продолжат да ги почитуваат мерките против Ковид-19, со цел, како што се вели во неговиот повик, да се заштити здравјето.

-Зачувувањето на човечкиот живот и здравје е една од основните должности и потреби на исламската религија. Заштитата на човекот е една од главните цели на исламскиот закон и на самиот Алах, затоа, врз основа на овој принцип, Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија им се обраќа на сите верници и граѓани со овој јавен повик за постојана грижа и посветеност во битката против неславниот вирус ковид-19. Муслиманите на нашата земја покажаа сериозност и непобитен ангажман во спречување на ширењето на вирусот ковид-19 и ги почитуваа и одлуките на Државата и на Исламската Верска Заедница, но имајќи предвид дека неодамна состојбата со пандемијата во Северна Македонија има значително зголемување на бројот на заразени, а истотака и бројот на жртви е зголемен, апелираме до сите муслимански верници и граѓани на нашата земја да продолжат да се придржуваат до максималните препораки, упатства и анти-ковидни мерки издадени од одговорните државни институции, со цел да се заштитиме себе си, семејството и општеството- се вели во повикот на Поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, пренесува „Слободен печат“.

Уште еднаш, пишува меѓу другото Фетаи, изразуваме искрена благодарност и благодарност за посветеноста и саможртвата на целиот медицински персонал кој, од почетокот на оваа пандемија, е на должност. -Алах нека ги награди и не заштити сите нас – потенцира Фетаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот