Ивона Јо слави 29-ти роденден: Беше тешка година, но преживеав
Македонската пејачка Ивона Јо денеска го слави својот 29-ти роденден, а по тој повод подготви специјално изненадување за публиката – новата песна „Молитва“, која ќе има премиера вечерва во 19 часот на нејзиниот јујтуб-канал.
Препорачано
View this post on Instagram
Младата и харизматична пејачка по тој повод сподели емотивна порака на својот инстаграм-профил:
– Честитка од мене за Ивона
Беше тешка година, но преживеав (It’s been a hard year but I survived)
Цели 29 лета сум тука. Помалку своја, понекогаш туѓа, скршена, насмеана, ама никогаш откажана од себе.
Уште едно лето од животот помина.
Среќен нека ми ти е душо
Твоја Ивона.
Утре ви дарувам и си дарувам песна – 19 часот на мојот канал. Бај
Како што најави, токму денес во 19:00 часот, Ивона ќе ја претстави својата најнова песна „Молитва“ – композиција која според нејзините зборови носи длабока емоција и искреност.
Со ова, Ивона не само што го одбележува својот роденден, туку и им подарува на своите обожаватели нова музичка приказна. Очекувањата се „Молитва“ да стане уште едно препознатливо дело во нејзиниот репертоар, исполнето со силен вокал и топла енергија.


