Иванишевиќ: Повеќе не мора да доаѓам на Вимблдон, ние Балканците сме посебен народ

EPA-EFE/STEVE PASTON

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ истакна дека освои се што можел бидејќи на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон, го освоил трофејот и како играч и како тренер.

Иванишевиќ во 2001 година како играч триумфира на Вимблдон, а вчера беше во ложата на Новак Ѓоковиќ како тренер, во триумфот на српскиот тенисер во финалето против Матео Беретини во четири сета и тоа 6:7,6:4,6:4,6:3.
– Го освоив овој турнир како играч, а сега и како тренер. Повеќе мора да доаѓам тука – се пошегува Иванишевиќ со новинарите.

Хрватот се приклучи на тренерскиот тим на Новак Ѓоковиќ непосредно пред триумфот на Вимблдон во 2019 година, а во договор со главниот тренер Маријан Вајда, одлучија Иванишевиќ оваа година да биде покрај најдобриот светски тенисер на Вимблдон.

Со триумфот на Вимблдон, Ѓоковиќ дојде до  20. грен слем трофеј во кариерата со што се израмни со Рафаел Надал и Рожер Федерер, а има шанса да го освои и календарскиот грен слем доколку победи и на УС Опен.
– Ние сме Балканци и се е можно. Кога никој ништо не очекува, ние ќе направиме се. Ние сме, многу посебен народ – додаде Иванишевиќ.

Историја на Ѓоковиќ, триумф на Вимблдон за 20. грен слем титула

Што пишуваат медиумите по триумфот: Ѓоковиќ се искачи на Олимп

Дали трката за најдобриот во историјата е завршена – Таа е одамна завршена

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот