Дали трката за најдобриот во историјата е завршена – Таа е одамна завршена

EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ смета дека трката за најдобриот тенисер во историјата е завршена.

Во последните години најактуелна тема во тенисот е таа која е најдобриот тенисер на сите времиња. Но „изборот“ се наоѓаат само три имиња, тие на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер кои се израмнети по бројот на освоени грен слем трофеи, сите тројца имаат по 20. Но, тренерот на Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ смета дека оваа трка одамна е завршена.

За мене трката одамна е завршена, прашање е само кого повеќе сакате. Тие тројца имаат освоено 60 грен слем титули и тоа е неверојатно. Можеби некој повеќе го сака Федерер, некој Надал. Се е до вкусовите, јас знам кој е најдобар. Пред да ја започнам соработката со Новак, знаев кој е најдобар. Знаев кој е единствениот што може да освои четири грен слем титули по ред. Доколку го освои УС Опен, тогаш трката е завршена за сите времиња. Но, Надал е тука и ќе продолжи да се бори. Ќе дојде на УС Опен, следната сезона ќе биде на Ролан Гарос. Рафа сака да продолжи да се натпреварува, но Новак е најдобар. Тука повеќе нема дебати изјави Иванишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот