Што пишуваат медиумите по триумфот: Ѓоковиќ се искачи на Олимп

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да ја продолжи доминацијата и во 2022 година/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Новак Ѓоковиќ денеска испиша нови страници во тениската историјата, по шести пат триумфира на Вимблдон, а притоа го освои и 20. грен слем трофеј во кариерата.
Ова значи дека Ѓоковиќ се израмни со Рафаел Надал и Рожер Федерер на првото место на вечната листа, кои исто така имаат по 20 триумфи на најголемите тениски турнири. За новата титула на Ѓоковиќ пишуваат сите европски и светски медиуми.

„Ѓоковиќ се искачи на Олимп“, пишува шпанска „Марка“ која има и текст со наслов:
„Десет рекорди кои докажуваат дека Ѓоковиќ е најдобар во историјата“.

20 грен слемови. Кој е сега најдобар во историјата?“, прашува „Мундо Депортиво“ кој освојувањето на Вимблдон го испрати со насловот: „Ѓоковиќ е шампион на Вимблдон. Се израмни со Надал и Федерер“.

Италија тагува поради поразот на Беретини.
Нема среќен крај за Беретини. Ноле го осво 20 грен слем трофеј“, констатира „Газета дело Спорт“.

 

Беретини, штета. Ѓоковиќ победи со пресврт и го освои Вимблдон“, пишува „Тутоспорт“.

Британските медиуми не пропуштија да го одбележат триумфот на најдобриот светски тенисер.
Ѓоковиќ го освои Вимблдон и го израмни рекордот по бројот на грен слем титули во машка конкуренција“, пишува Би-Би-Си.
Ѓоковиќ го освои шестиот трофеј на Вимблдон и 20 грен слем титула“, констатира Скај, а сличен наслов има и „Гардијан“.

За хрватскиот Индекс нема дилеми – „Новак Ѓоковиќ, најдобар на сите времиња“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот