Иван Чупиќ ја завршува кариерата, со Вардар два пати ја освои Лигата на шампионите

Иван Чупиќ/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Легендарниот хрватски ракометар Иван Чупиќ на крајот од оваа сезона ќе стави крај на славната кариера. По завршувањето на истата тамошните медиуми известуваат дека десното крило планира да започне тренерска кариера.

Чупиќ денеска има 38 години и долги години е на големата ракометна сцена. Во кариерата освои бројни медали и трофеи, а сигурно ќе ги памети и трите титули во Лигата на шампионите, две со Вардар во 2017 и 2019 година, и една со Киелце.

Чупиќ во најдобрите години од кариерата беше меѓу најдобрите светски ракометари, а во ЛШ постигна дури 810 голови.

Ракометот го водеше од родниот Метковиќ, преку Медвешчак, Октавио Виго, Горење Велење, Рајн Некар Ловен, Киелце, Вардар и на крајот – Загреб.

Со репрезентацијата Хрватска освои дури седум медали од големите натпреварувања, но никогаш златни: Олимписка бронза во 2012 Лондон, сребро и бронза на светските првенства во 2009 и 2013 година, а на европските шампионати и по два сребрени медали во 2008 и 2010, и бронзени во 2012 и 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот