Италијанските тренери ќе постават рекорд на Европското првенство

Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

На Европското првенство во фудбал наредната година ќе настапат 24 селекции, а дури пет на турнирот во Германија ќе бидат предводени од италијански селектори ако не се случи некаков изненадувачки отказ во иднина.

Актуелниот рекорд го држат Холанѓаните кои на Европското првенство во 2008 година во Австрија и Швајцарија имаа тројца селектори.

Тогаш Холандија беше предводена од Марко Ван Бастен, селектор на Русија беше Гуд Хидинк, додека на клупата на Полска седеше Лео Бехнакер.

Италија во одбрана на следниот европски шампионат ќе ја води Лучијано Спалети. Турција е предводена од Винчецо Монтела, на клупата на Белгија седи Доменико Тедеско, Унгарија ја води Марко Роси, а селектор на Словачка е Франческо Калцона.

Селекторот на Чешка, Јарослав Шилхави и покрај пласманот на Европското првенство, па овој број би можел да се зголеми ако Чесите доведат некој Италијанец на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот