Италијанскиот министер за здравство со најава: Вонредна состојба до крајот на април

Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI BT

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца изјави дека вонредната состојба што е воведена во таа земја поради пандемијата на ковид-19, ќе биде продолжена до крајот на април. Вонредната состојба првпат беше прогласена пред една година и требаше да биде во сила до крајот на овој месец.

Општата епидемилошка слика се влоши минатата недела и поради неповолните индикатори, Владата смета дека вонредната состојба треба да се продолжи до 30 април, рече Сперанца во Парламентот.

Коронавирусот одзеде речиси 80.000 животи во Италија, што земјата ја прави втора во Европа и шеста во светот по смртност од вирусот со кои досега се заразија вкупно 2,3 милиони Италијанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот