Италијанскиот фудбал ќе запре доколку играч е позитивен на коронавирус

фото: твитер

Според Министерството за здравство во Италија за да се сака фудбалот, значи грижа за луѓето кои работат во него..

И натаму не е познато кога и дали сезоната во најсилното италијанско првенство ќе продолжи…

Според италијанското Министерство за здравство за да се сака фудбалот, значи грижа за луѓето кои работат во него.

Доколку некој даде позитивен тест на КОВИД-19 во некој од клубовите, сè ќе запре. Карантинот во екипата ќе биде автоматски и целата сезона ќе биде прекината. Единствената причина да се зборува за продолжување на Серија „А” е нејзиното економско влијание – рече Сандра Зампа од италијанското Министерство за здравство.

Во меѓувреме, таа вели дека уште помалку е веројатно да се заврши сезоната во Серија Б, бидејќи екипите таму не се финансиски стабилни како оние во елитата да го следат опсежниот протокол за одржување натпревари.

Зампа вели дека треба да одлучува министерот за спорт, Винченцо Спадафора.

Колку што знам, тој самиот си даде уште една недела да процени не само во Серија Б, туку и во други тимски спортови – додаде Зампа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот