Италијанската влада забрани спортски настани во регионите погодени со коронавирусот

twitter/Diario SPORT

Владата на Италија објави декрет за забрана до 8 март на одржување на сите спортски настани во регионите кои се погодени со коронавирусот.

Италија е најпогодена земја во Европа од коронавирусот кој од ден во ден се повеќе се шири низ „чизмата“, по што Владата одлучи да реагира и забрани секакви спортски настани до 8 март.

Оваа забрана се однесува на реоните во Ломбардија, Венета и Емилиа-Ромање и градовите Севона и Пезаро-Урбино.

Поради забраната од Владата, фановите на Серија А ќе останат покуси за неколку интересни натпревари кои требаше да се играат наредниот викенд меѓу кои се Аталанта – Лацио, Болоња – Јувентус, Интер – Сасуоло и Верона – Наполи.

Натпреварот помеѓу Сампдорија и Верона кој требаше да се игра утре е одложен за 13 мај кога ќе се играат и сите откажани натпревари од 26 коло во кое требаше да се сретнат Јувентус – Интер, Милан – Џенова, Удинезе – Фиорентина, Сасуоло – Бреша и Парма – Спал.

Екипите од Серија А за среда закажаа состанок во Рим на кој ќе се расправа за моментната состојба бидејќи за повеќето од нив 13 мај не е прифатлив термин за одигрување на одложените натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот