Италијанската полиција со помош на „Гугл мапс“ уапси наркобос

Италијански наркобос фатен на Гугл мапс/ Фото Google Street view

Италијански наркобос кој повеќе од 20 години е баран од страна на полицијата, денеска беше уапсен во шпански град, благодарејќи на апликацијата „Гугл Мапс“.

Џоакино Гамино (61), сериски убиец и наркобос, е еден од најпознатите и најбарани гангстери од Италија. Тој беше уапсен во Галапагар, град во близина на Мадрид. Тој таму бил оженет веќе две години, си го променил името во Мануел и работел како готвач и имал продавница за овошје и зеленчук, пишува Гардијан.

Полицијата од Сицилија водела неколку истраги против Гамино, а во 2014-та година по него била распишана меѓународна потерница.

И покрај тоа што него го барале со години, на крај тој бил пронајден благодарение на „Гугл мапс“.

Наводно, полицијата го приметила неговиот лик на сликите на „Гугл стрит вју“, апликација со чија помош луѓето можат лесно да се ориентираат и да дојдат до посакуваната локација.

Оваа апликација успеала да фати во кадар две личности пред продавница за овошје и зеленчук во овој град. За среќа на полицијата, токму таа продавница била на бараниот Гамино, а уште поинтересен е фактот што на сликата бил фатен и самиот тој.

На почетокот, полицијата мислела дека тоа е само човек кој личи на него, но по подолго прегледување на сликите, тие констатирале дека всушност човекот на сликата е Гамино.

Продавницата и ресторанот каде што тој работел сега се затворени, а полицијата го уапси бараниот наркобос.

Ова дефинитивно претставува едно од најинтересните апсења на криминалци во Европа и светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот