Италијанката жали поради својот потег, сака да ја гушне боксерката од Алжир

фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Целата драма што се случи вчера на Олимписките игри во Париз, по борбата на италијанската боксерка Анџела Карини и Иман Хелиф од Алжир, доби свој епилог.

По само 46 секунди од борбата Италијанката го загуби мечот од Алжирката, која пред тоа и зададе болен удар од улица, а Карини по борбата се расплака и одби да се збогува со својата ривалка.

По борбата, таа истакна дека никој никогаш не ја удрил толку силно, а целата приказна веројатно ќе поминеше под радар доколку за Хелиф не се зборуваше како човек кој го сменил полот и добил дозвола да се натпреварува со жени. .

– Целата оваа полемика ме растажува. Жал ми е и за мојот противник. Од ИОК велат дека таа може да се бори и јас ја почитувам таа одлука – изјави Карини за „Гаѕета дело спорт“.

Италијанката и понатаму стои зад нејзината одлука да го предаде мечот, но жали што не се ракуваше со ривалката.

– Тоа не беше нешто што имав намера да го направам. Сакам да и се извинам. И на неа и на сите други. Бев бесна затоа што сите мои шанси на Игрите ми испари пред очи – рече Карини која додае следниот пат ќе ја гушне Хелиф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот