Италија нема да толерира враќање на антисемитизмот, вели претседателот Матарела

Матарела се обрати пред пратениците во Собранието/Фото: МИА

Италија нема да толерира враќање на антисемитизмот, изјави денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела, во пресрет на утрешниот Ден на сеќавање на холокаустот.

„Мртвите од Аушвиц постојано не потсетуваат дека човештвото оди по тешки и ризични патишта. Ова се манифестира и со враќањето на опасните примери на антисемитизам во светот – предрасуди кои ги следат древните антиеврејски стереотипи, засилени со социјалните мрежи без контрола или скрупули“, рече Матарела во претседателската палата, пренесе АНСА.

Тој додаде дека италијанските еврејски заедници знаат дека Италија е нивниот дом и дека Републиката, чиј составен дел се тие, нема да толерираат, на кој било начин, закани, заплашувања и малтретирање на Евреите.

Претседателот на Италија исто така изрази загриженост поради заложниците кои ги држи Хамас, но и за страдањата на палестинските цивили поради израелското бомбардирање на Газа.

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала изјави дека пропалестинските демонстрации ќе бидат забранети во тој град и во другите поголеми градови, вклучително и во Рим во сабота, поради ризикот од антиизраелски или антисемитски инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот