Италија го отвора првиот воздушен коридор од Европа кон САД за патници негативни на Ковид-19

The empty check-in desks Friday 28 November 2003 at the Rome Fiumicino airport after a strike of the employees at Alitalia, the Italian airline company. EPA/TELENEWS

Италија ќе го понуди првиот воздушен коридор од Европа до САД со патници кои имаат негативен тест за коронавирус, што ќе го отстрани условот новопристигнатите да се изолираат.

Римскиот аеродром „Фиумичино” соопшти дека е постигнат договор меѓу италијанскиот авиопревозник „Алиталија” и американскиот „Делта ер лајнс” за специјални летови помеѓу определени американски градови и италијанската престолнина од следниот месец.

Слични коридори ќе бидат отворени меѓу Рим и германските градови Минхен и Франкфурт. Во септември, ваквите летови започнаа да се реализираат помеѓу Рим и Милано.

Новите протоколи за патување, планирани на експериментална основа за летови од САД до италијанскиот аеродром во Рим, ќе стапат на сила најрано на почетокот на декември.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот