Истражување во Шкотска: Возењето велосипед до работа има позитивни ефекти врз менталното здравје

Фото: Profimedia

Едно ново истражување покажа дека лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои патуваат со велосипед до работното место.

Инаку, биле анкетирани околу 380.000 луѓе кои живеат во Шкотска, а студијата покажа дека возењето велосипед до работа го намалува ризикот од депресија и анксиозност.

Иако мажите почесто возат велосипед, оваа физичка активност има поголемо и попозитивно влијание врз жените отколку врз мажите.

Истражувачите искомбинирале податоци за 378.253 луѓе на возраст од 16 до 74 години од пописот на Шкотска во 2011 година со податоци за рецепти од британската Национална здравствена служба за следните пет години.

Испитаниците живеат и работат во Единбург или Глазгов, живеат близу велосипедската патека и не им биле препишани антидепресиви на почетокот на студијата.

Истражувачите откриле дека имало 15 отсто помалку препишани рецепти за депресија и анксиозност меѓу велосипедистите во тие пет години, во споредба со невелосипедистите.

„Нашето откритие, дека овој рентабилен и одржлив метод на патување го подобрува менталното здравје, сугерира дека политиките за инвестирање во велосипедски патеки и поттикнување на активно патување најверојатно ќе имаат широк опсег на придобивки“, рече водачот на истражувањето, професорот Крис Дибен, од Школата за геонауки при Универзитетот во Единбург.

Исто така, тој истакна дека „ова не само што може да го подобри менталното здравје на луѓето, туку може да помогне и да се намали метежот на патиштата и загадувањето на воздухот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот